Ѓорѓиевски: Нека живее Скопје – градот на солидарноста, надежта и непокорот, нека е вечен споменот на жртвите
Скопје се сеќава… На денешен ден, пред 63 години, во 5 часот и 17 минути, времето за Скопје застана. За само неколку секунди беа згаснати повеќе од илјада човечки животи, разурнати домови и разделени семејства. Зад секоја бројка остана нечие дете, родител, сопруг, пријател, нечиј цел свет, посочи градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
-Денес, со длабока почит, се поклонуваме пред споменот на жртвите. Нивната болка е вградена во темелите на нашиот град, а обврската да не ги заборавиме е вечна. Но, од правот, урнатините и солзите се роди надеж. Светот му подаде рака на Скопје, а градот, како феникс од пепелта, повторно се издигна и стана симбол на човечноста и светската солидарност, вели тој.
Скопје повторно беше изградено со љубов, храброст и подадени раце од целиот свет.
-Денес, наша должност е да продолжиме таму каде што застанаа генерациите пред нас – да го чуваме, унапредуваме и градиме со визија, одговорност и љубов кон секој негов дел. Да создадеме современо, безбедно и достоинствено Скопје, град што ќе го почитува своето минато, но храбро ќе ја гради својата иднина. Затоа што најголемата почит кон оние што ги загубивме е да создадеме град достоен за нивниот спомен и за генерациите што доаѓаат, рече Ѓорѓиевски.
Скопје памети. Скопје тагува.
-Но Скопје никогаш не престанува да живее, да се обновува и да чекори напред. Нека е вечен споменот на жртвите од катастрофалниот земјотрес. Нека живее Скопје – градот на солидарноста, надежта и непокорот, истакна Ѓорѓиевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓорѓиевски: Нека живее Скопје – градот на…
Скопје се сеќава… На денешен ден, пред…
Уапсен маж во Атина со рачна бомба,…
Полициските власти во Атина уапсија маж кај…
Денес сончево и топло со температура до…
Времето денес во Македонија ќе биде претежно…
Сомнителен инцидент во САД: Тела на шест…
Осум лица, меѓу кои шест деца, беа…
Просечна плата од речиси 50.000 денари во…
Просечната нето-плата во Македонија продолжува да расте…