Објавено на:

Ѓукановиќ: Конфликт на Балканот ќе избувне, ќе се вклучи и Бугарија заради аспирациите кон Македонија и јужна Србија

t

Директно насочен против Србија е воениот сојуз меѓу Загреб, Приштина и Тирана, кон кој Бугарија може во одреден момент да се придружи со своите аспирации и амбиции кон Северна Македонија и југоисточна Србија, во зависност од тоа кој е на власт во Бугарија, изјави Владимир Ѓукановиќ, дел од раководството на владејачката Српска напредна партија (СПП).

„Врз основа на сè што е предвидено и што веќе може јасно да се види од однесувањето на нашите соседи, во одреден момент ќе избувне конфликт на Балканот“, додаде тој.

Во авторски текст за српскиот официјален весник „Политика“, чии делови пренесува „Данас“, тој напиша дека сè за таканаречениот „воен сојуз“ „е јасно како ден“.

„Кога ќе заврши отворениот воен судир меѓу Русија и Европската Унија – а сосема е јасно дека таков судир неизбежно ќе заврши – тогаш Србија ќе биде нападната од овој сојуз и војната ќе биде неизбежна“, напишал Ѓукановиќ.

„Затоа, принципот на Вучиќ да се вооружиме до заби и да инвестираме многу во модернизација на армијата е наша витална неопходност“, напиша тој, прецизирајќи дека „тој нема намера да исплаши никого со овој текст, едноставно не сака да избега од реалноста“.

„Ракавициве се симнати, а нашата шанса да го зачуваме мирот се мери со тоа колку сме подготвени за сериозен конфликт. Колку сме поподготвени, толку е поголема шансата да го одвратиме секој потенцијален агресор од нападот“, смета Ѓукановиќ.

Да потсетиме, Хрватска, Албанија и Косово потпишаа декларација за одбранбена соработка на 18 март 2025 година во Тирана. Како што беше тогаш кажано, не станува збор за воен сојуз, туку трилатерална соработка во областа на одбраната и безбедноста меѓу трите земји. Ја потпишаа министрите за одбрана на трите земји на состанок во Тирана.

Документот предвидува зајакнување на одбранбените капацитети со цел подобрување на воените капацитети на секоја земја преку соработка и координација, создавање услови за поефикасен одговор на заканите за националната и регионалната безбедност и развој на одбранбената индустрија и заедничките технологии.

Декларацијата предвидува заеднички воени вежби, размена на искуства, обука и едукација на персонал, зголемување на интероперабилноста на вооружените сили, како и соработка во врска со хибридните закани. Трите земји разменуваат информации за кибернапади, дезинформации и други закани што можат да влијаат на безбедноста, координираат дејствија во ситуации што не се директно воени, но влијаат на стабилноста.

Декларацијата изразува заедничка посветеност на поблиска интеграција во евроатлантските институции, вклучително и НАТО, и поддршка за учеството на Косово во програми како што е Партнерството за мир, што би го зајакнало неговиот однос со Алијансата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓукановиќ: Конфликт на Балканот ќе избувне, ќе…

Директно насочен против Србија е воениот сојуз…

Златната треска се враќа – еден грам…

Со зголемените геополитички тензии и неизвесноста на…

Германија до Трамп: Ова не е војна…

Германските власти изјавија дека евентуалната американска војна…

Две мали деца се затруле со хемикалија…

Две деца на возраст од три и…

Истрели во владина зграда во Анталија: Специјалци…

Во турскиот град Анталија се слушнале истрели…