Јa тепал сопругата додека ја подготвувала ќерката да ја носи во градинка: ОЈО му поднесе кривична пријава

t

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда по член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 41-годишник од Велес со непријавено престојувалиште во Скопје, при вршење семејно насилство, со умисла телесно ја повредил неговата вонбрачна партнерка.

-Додека оштетената ја подготвувала да ја однесе во градинка нивната ќерка, тој најпрво започнал вербална расправија, а потоа со лажица за облекување чевли, во повеќе наврати ја удрил во пределот на главата. Жртвата се повлекла во спалната соба од станот, каде осомничениот насилно ја турнал на креветот, го зел нејзиниот мобилен телефон и го фрлил на подот, почнал да ја плука по лицето и со неколку удари со бокс во главата и телото и нанел телесни повреди – контузија и хематоми. Јавниот обвинител го имаше предвид фактот дека жртвата претходно го имала пријавено осомничениот за семејно насилство, но потоа го повлекла предлогот за кривично гонење. Затоа, заради обезбедување присуството на осомничениот во текот на кривичната постапката и особено заради заштита од понатамошни насилни однесувања кон оштетената, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, информира Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јa тепал сопругата додека ја подготвувала ќерката…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Силно сме фокусирани кон стандарди за подобар…

Премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил…

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува…

Според податоците од хидролошките станици се уште…

Кочани оддаде почит за жртвите од Кран…

Со запалени свеќи и во тивка, достоинствена…

(Видео) Новинарка ги соблече чевлите, чорапите и…

Гест што ја надмина професијата и ја…