ЈА ЧЕКАМЕ ОПОЗИЦИЈАТА ДА СЕ ДОГОВОРИ ЗА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК: Понеделник е краен рок, измените мора да бидат донесени до среда
Во вторникот се одржа средба на работната група помеѓу координаторите во Собранието, на која што ние излеговме со понуда со цел надминување на разликите кои што ги имаме за Изборниот законик. Денеска е петок, а сѐ уште не имаме никаков одговор на понудата која што ја произнесеме, не се најавува никаква иницијатива за средба помеѓу опозициските партии – изјави денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.
– В понеделник е веќе 13 јули, крајниот рок кој што ги имаме како држава да ја заокружиме оваа цел за да имаме 10 од 10 исполните задачи. Краен рок е 15 јули, сметаме дека оваа тема е пресериозна за да се политизира на истата. Во изминатиот период конкретно од вторникот до сега слушнавме многу изјави од јавноста од многу политички актери, особено од опозицискиот блок во кој што имаше различни идеи кои што повторно значат реафирмирање на некакви ставови и за финансирањето и едната изборна единица. Конкретно, ние ја свикаме оваа прес-конференција уште еднаш да апелираме да седнат и да се договорат. Сѐ што тие партии од опозицијата конкретно ДУИ, СДСМ, Левица, како и од блокот на Зијадин Села и Арбен Таравари и ќе го стават во еден законски текст, ние ќе го прифатиме.
Дали конкретно се работело за една изборна единица, би прифатиле тоа што тие ќе го договорат. За финансирањето на политичките партии, исто така модел што тие би го договориле, ние би го прифатиле, моделот за поплаки кој што сметаа дека треба да биде инкорпориран, и тој би го прифатиле, се додека во сето тоа е вклучено гласањето на дијаспората. Што сакаат, како сакаат, за што тие сметаат дека треба да бидат прифатени, за нас ќе бидат прифатливи, веднаш даваме бланко поддршка, го потпишуваме тоа законско решение кој што тие било го доставиле до нас, се додека е вклучено гласањето на дијаспората.
Сметаме дека имаме уште време наредната недела, до 15 јули, оваа цел да ја заокружиме и да зацртаме 10 од 10 исполнети цели. Сето тоа која што тие го имаат како разлики, за која што велат дека на некој начин кочиме или имаме различност во ставовите, не е вистина, уште еднаш ќе повторам, се што опозициските партии ќе договорат, ние бланко ќе го прифатиме, се додека е инкорпорирано гласањето на дијаспората. Ова сметам дека може да се договори веднаш и сега, бидејќи имаат некои разлики во деталите на нештата, се што тие перципираат и едната изборна единица и финансирањето, не сметам дека треба да се чека до понеделник.
Уште еднаш ќе ја користам оваа прилика да апелирам да седнат, да се договорат, ние сме тука ќе прифатиме сѐ, само да можеме да ја оствариме оваа цел и да дозволиме на нашата дијаспора да гласа – рече пратеникот Стојаноски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЈА ЧЕКАМЕ ОПОЗИЦИЈАТА ДА СЕ ДОГОВОРИ ЗА…
Во вторникот се одржа средба на работната…
Нови 840 станови ќе се градат во…
Најновите податоци на Државниот завод за статистика…
(Фото) ОВА СЕ КАЗИНАТА ШТО ЌЕ МОРА…
По новиот Закон за игрите на среќа,…
ССМ е против идејата за пензионирање на…
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) изрази…
Пензионер од Радовишко потпалил игралиште и нива,…
Седумдесет и тригодишен жител на радовишкото село…