Пензионер од Радовишко потпалил игралиште и нива, за малку ќе изгореле и куќи
Седумдесет и тригодишен жител на радовишкото село Калуѓерица е приведен откако запалил оган на нива во сопственост на неговиот брат, кој потоа се проширил и предизвикал пожар што зафатил повеќе соседни имоти, а во еден момент постоела опасност да се прошири и кон околните куќи, информира Министерството за внатрешни работи.
Според полицијата, Л.М. (73) бил лишен од слобода на 8 јули околу 12:50 часот од полициски службеници од ОВР Радовиш.
„Според пријавеното, тој претходно запалил оган на нива во сопственост на неговиот брат, по што пожарот се проширил и зафатил сува трева, дел од игралиште, нива засадена со луцерка во сопственост на Ѓ.А., насад со ореви во сопственост на И.Ј. и дел од сушара за тутун во сопственост на П.В. Во еден момент постоела опасност пожарот да се прошири и кон околните куќи“, соопшти МВР.
Во пожарот нема повредени лица.
Екипи на Територијалната противпожарна единица Радовиш интервенирале и го изгаснале пожарот, а за случајот бил известен јавен обвинител.
По целосното документирање на настанот, против 73-годишникот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…