Објавено на:

Јавноста згрозена од измамата со млечни производи: Зошто АХВ не ги објавува имињата на фирмите?

t

Откако Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информираше дека по спроведени анализи, во производите на неколку оператори со храна има помал процент на млечни масти од декларираното, социјалните мрежи зовреа од голем број реакции на граѓаните.

Граѓаните покрај тоа што реагираат дека биле измамени дека конзумираат „квалитет“, тие исто така реагираат и зошто АХВ не го објавува имињата на овие оператори со храна.

Сточарите велат дека уште пред три месеци предупредувале дека дел од млекарниците продаваат производи со додатоци, додека цената на суровото млеко постојано се намалува.

Сточарот Борче Бучински изјави дека земјоделците со време укажувале на проблеми во млечната индустрија, реагирајќи по денешното соопштение на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во кое се наведува дека дел од млекарниците користеле палмина маст во млечни производи.

Бучински наведува дека сточарите бараат редовна исплата на субвенциите по грло добиток и исплата на премиите за произведено млеко, со цел да се стабилизира секторот. Тој исто така посочува дека ситуацијата дополнително го отежнува опстанокот на домашното производство на млеко и бара институциите да преземат конкретни мерки.

Голема измама на потрошувачите откри Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) по спроведените вонредни инспекциски контроли во поголемите синџири маркети низ земјава. Официјалните ветеринари подигнале вкупно 91 мостра од млеко, млечни производи и сувомеснати производи (од домашно производство и од увоз) за да утврдат дали нивниот реален квалитет соодветствува со она што е напишано на декларациите.

Од лабораториски анализираните 45 мостри од млеко и млечни производи, дури кај 10 оператори со храна е утврдено дека производите не одговараат на Правилникот за квалитет. Наместо ветената хранлива вредност, во овие производи бил изменет соодносот на мастите во корист на водата и евтините суровини.

Најдрастичниот пример е откриен кај еден производител, каде при тестирање на мостра од ситно сирење било утврдено дека на декларацијата пишувало 20% млечна маст, а реално производот содржел само 1 процент млечна маст. За овој прекршок, на операторот му е изречена парична казна од 3.500 евра, а запленети се 22 килограми од спорното сирење.

Поради слични отстапки и лажирање на процентот на млечни масти, уште осум други оператори (производители и увозници) заработија казни од по 1.050 евра за измама на потрошувачите.

Дека на пазарот свесно се подметнуваат нелегални замени, потврдува и уште еден фатен оператор кој во производството на млечни производи користел растителни (палмини) масти. Овој производител е казнет со 1.300 евра, а фалсификуваниот млечен производ во вкупна тежина од 500 килограми е итно повлечен од промет и нештетно уништен на депонија.

Од АХВ најавуваат дека засилените инспекциски контроли ќе продолжат со уште поголем интензитет и во наредниот период, а во меѓувреме се чекаат и резултатите од тестирањата на сувомеснатите производи.

Фокус пред овој случај објави сторија за тоа што какви измами со храна откриваат инспекторите. Од Агенцијата за храна и ветеринарство, за „Фокус“ открија дека измамите најчесто ги вршат производителите со цел да добијат поатрактивен и поевтин производ, но неретко измамите се вршат и од самите трговци, зависно од договорите што ги имаат со набавувачите во однос на трговските практики. Лепезата на „инвентивни“ измами со храна е широка, има од сѐ по нешто, вклучително и предекларирање, бришење рокови на производи и менување рокови на употреба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јавноста згрозена од измамата со млечни производи:…

Откако Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ)…

Девизните резерви во Македонија изнесуваат 5,2 милијарди…

Девизните резерви на крајот од април оваа…

Полицијата изрече 16.885 казни во мај: Најмногу…

Во текот на изминатиот месец како резултат…

САД ѝ продаваат на Бугарија ракети Ф-16…

Пентагон објави дека продава оружје на Бугарија…

Червар: Во Битола ќе ја завршам мојата…

Ракометна Битола стартува со нов тренер на…