Червар: Во Битола ќе ја завршам мојата кариера
Ракометна Битола стартува со нов тренер на клупата со желба за враќање на шампионската титула, а за таа цел избран е еден од најдобрите европски тренери Лино Червар. Тој денеска и официјално беше промовиран, а поранешниот тренер на Металург и селектор на Хрватска и на Македонија ја презентираше својата визија и планови за работа.
– Чест ми е да работам во Битола. Ова е град со огромна ракометна традиција. По осум години се враќам во мојата втора татковина и тука ќе биде крај на мојата кариера, а тоа е најубаво во градот каде ракометот е религија. Да го работиш она кое го сакаш е најголемата среќа на човекот. Видов дека постои желба кај луѓето од Битола да дојдам и го прифатив тоа. Ќе имам тешка задача, конкуренцијата е голема, ама мораме да одиме позитивно. Мора да ги пофалиме конкурентите, Вардар кој се разбуди и оди со крупни чекори, потоа и Охрид кој освои европска титула, мора да бидеме пријатели и да соработуваме, ама да има и борба. Македонија е мала земја, мора сите да бидеме едни за други, изјави Червар.
Последниот шампионат Еурофарм Пелистер го заврши на второто место и со пласман во полуфиналето од Купот и следната сезона ќе настапува во ЕХФ Лига Европа во групната фаза.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ГОЛЕМ ГЕСТ НА ПЕЛИСТЕР: Се појавија со…
Фудбалскиот клуб Пелистер упати искрено сочувство до…
Официјално: Лино Червар ќе го враќа Пелистер…
Екипата на Пелистер и официјално ја отвори…
Почина поранешниот ракометен судија и делегат Љупчо…
Македонскиот ракомет е во жалост по веста…
Данска и Германија ќе се борат за…
Данската ракометна репрезентација се пласираше во финалето…
Изгубен планинар на Пелистер – во тек…
На подрачјето на Националниот парк Пелистер, во…