Јавното обвинителство отвори предмет за „Зимзоленд“

t

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје оформило предмет за функционирањето на новогодишниот лунапарк „Зимзоленд“ во општина Аеродром, за да се испита дали евентуално постојат елементи на кривичното дело предизвикување општа опасност.

Предметот е отворен по допрен глас како што потврдија за „360 степени“ по објавените информации дека надлежните инспекциски служби не постапуваат согласно законските надлежности за отстранување на реквизитите. Од Јавното обвинителство најавуваат дека веднаш ќе издадат наредба до Министерството за внатрешни работи, Единицата за економски криминал, да изврши увид на терен и да ја обезбеди целокупната документација за функционирањето на лунапаркот.

Телевизијата Телма објави дека повеќе инспекциски служби утврдиле пропусти во работењето на „Зимзоленд“, но паркот и понатаму продолжува да работи. На барање на Бирото за јавна безбедност бил организиран и вонреден инспекциски совет со вклученост на сите институции.

Иако законските прописи налагаат дека во случај на утврдена опасност местото треба веднаш да се запечати, досега тоа не било направено од ниту една инспекциска служба.

Од Град Скопје и Општина Аеродром потврдија дека постапуваат во рамките на своите надлежности. Градските инспекции утврдиле дека лунапаркот нема дозвола, но отстранувањето е надлежност на Општината Аеродром.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека трипати била испратена инспекција на терен и дека им укажале на Општина Аеродром дека треба да постапи нивната градежна инспекција.

„Не може кој било да поставува реквизити во главниот град без одобрение од Градот“, рече Ѓорѓиевски.

Од Општина Аеродром, пак, наведуваат дека известувањето од Градот не е обврзувачко и дека согласно закон тие треба да почекаат осум дена по приемот на записникот од инспекцискиот совет. Инспекторите биле на терен на 10 декември, па најран датум за постапка би бил 18 декември.

Од „Зимзоленд“ минатата недела потврдија дека се вршат инспекциски надзори, но демантираа дека паркот ќе биде затворен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јавното обвинителство отвори предмет за „Зимзоленд“

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје оформило предмет…

Мелони уверува: Центрите за депортација во Албанија…

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека нејзината…

СДСМ: Сите нешто измислиле ама Мицкоски не…

Сè е измислено за мигрантите вели Мицкоски.…

Премиерот Мицкоски на работна посета во Брисел

Од утре 16.12.2025 година (вторник) претседателот на…

Меџити доби јавна благодарност дека поранешните команданти…

Ме извести и градоначалникот на Чаир, Изет…