Јакимовски за Лукровски: Ако е на боледување, зошто барале да биде избришан од Централен регистар од одговорно лице во Општина Карпош?

t

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, со остри обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ и актуелното раководство на општината, тврди дека случајот со градоначалникот Сотир Лукровски не е боледување, туку „бегство од Карпош“.

Јакимовски обвини дека од општината се обиделе да ја доведат јавноста во заблуда со тврдењата дека Лукровски е само на боледување, посочувајќи дека, според него, постојат конкретни чекори кои укажуваат на подготовка за негово заминување од функцијата.

Тој прашува зошто од Централен регистар било побарано Лукровски да биде избришан како одговорно лице во Општина Карпош, а на негово место да биде впишан заменикот Неделчо Крстевски. Според Јакимовски, службениците од Централниот регистар го одбиле тоа барање со образложение дека општината има актуелен градоначалник.

Дополнително, тој тврди дека во Трезор било испратено потписно картонче само со потпис на овластениот заменик, без потпис од градоначалникот, како и дека службеното возило што го користел Лукровски било раздолжено.

„Ако е боледување, не се брише градоначалник од Централен регистар. Ако е боледување, не се менуваат потписници како човекот да заминал засекогаш. Ако е боледување, не се раздолжува службено возило“, наведува Јакимовски.

Тој оценува дека станува збор за „купување време“ и обид формално да се прикаже боледување, додека неформално се подготвува оставка. Според него, за можната оставка на Лукровски се зборувало со месеци, а со тоа, како што тврди, бил запознаен и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Јакимовски ја обвини владејачката партија дека со „правни акробации и партиски маневри“ се обидува да ја прикрие состојбата во Општина Карпош, додавајќи дека „Карпош не смее да биде заложник на партиски интереси и лаги“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јакимовски за Лукровски: Ако е на боледување,…

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски,…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче како Коте од Руља, се…

Филипче како Коте од Руља, се стави…

Објавено решението со кое градоначалникот на Карпош…

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски го…

Џелили: ВЛЕН е само „декор“ во Владата…

„Арбен Таравари увиде дека ВМРО-ДПМНЕ е во…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче за власт е спремен и…

СДС и Филипче продолжуваат со политики спротивни…