Објавено на:

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче за власт е спремен и на ново прекројување на историјата на Македонија

t

СДС и Филипче продолжуваат со политики спротивни на македонските национални интереси. СДС и Венко Филипче повторно покажуваат дека за нив најважно е враќањето на власт, дури и по цена на нови отстапки на штета на македонскиот народ и државните интереси, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Лицемерието на СДС и Венко Филипче нема крај, додека зборуваат за европскиот пат на државата ги кочат и не ги поддржуваат законите од Реформската агенда во Собранието. Додека СДС и Филипче зборуваат за проевропскиот пат на државата соработуваат со бизнисмени кои имаат проруски ориентации како Александар Онишченко на кого му дадоа македонско државјанство, Борче Марковски, почесен конзул на Белорусија, кој доби десетици државни тендери во време на СДС и Миодраг Давидовиќ – Дака за кој само еден ден по формирањето на владата во 2020 година, менуваа ДУП во Тетово, за да му се овозможи проект тежок 200 милиони евра со над 2.000 станбени единици“, стои во соопштението.

Од партијата обвинуваат дека СДСМ и Филипче се спремни да ја стават државата во подредена состојба само за да дојдат на власт.

„Филипче глуми грижа за европскиот пат додека е спремен да ги распродаде националните интереси. Филипче се прави дека тој не слушнал дека Бугарија го негирала македонскиот идентитет и покрај многубројните изјави од бугарски официјални претставници каде отворено Бугарија го негира идентитетот, Гоце Делчев, покрај барањата на Бугарија за промена на учебниците, покрај оспорувањето на јазикот. Филипче со неговите изјави покажува спремност за устави измени и спремност да го надмине неговиот ментор Заев во предавствата на државните интереси. СДС и Филипче се спремни да ја стават државата во подредена состојба само за да дојдат на власт и да си ги полнат сопствените џебови. Поради СДС, Заев и останатите државата е во ќорсокак токму поради погрешните политики како Договорот од Преспа, Договорот за добрососедство, и Францускиот предлог. Граѓаните знаат кој работи за напредок, стабилност и заштита на националните интереси а кој е подготвен повторно да тргува со историјата, идентитетот и националните интереси само поради власт и лични цели“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петров: Изборот на Филипче за претседател на…

Поранешниот член на СДСМ, Андреј Петров, во…

Манасиевски: Филипче, Заев и Ковачевски се првите…

Филипче, Заев и Ковачевски се првите другари…

ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна од СДС, па продолжи…

Падот почна од СДС, Венко Филипче и…

Фон дер Лајен, Кошта и Марта Кос…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Фала на поддршката ама и вие и…

Српски студент како глас на српските стденти…