Јаневска: Има индикации дека бранот на иселување е намален
Бранот на иселување од земјава можеби е намален, но за официјална слика ќе треба да се почекаат статистичките податоци на крајот од годината, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска во „Ноќно студио“ на 4ТВ.
„Има впечаток, иако статистичките податоци ќе ги видиме на крајот на годината, дека тој бран е нешто малку намален“, рече Јаневска.
Како еден од показателите за тоа што се случува со движењето на учениците, министерката ги посочи податоците поврзани со учебниците кои се доставуваат до училиштата.
Според неа, во текот на септември има случаи на доселување на деца во земјава. Јаневска посочи дека едно училиште пријавило девет новодоселени деца, додека друго пријавило 11 ученици кои се доселиле во Македонија во текот на месецот.
„Се надевам дека ќе најдеме некој стабилен баланс и конечно престанување на иселувањето на нашите деца“, изјави министерката.
На прашањето во кои региони се забележуваат ваквите движења, Јаневска рече дека ситуацијата е различна, но дека во моментов предничат источните делови од земјата.
„Предоминантно во моментот е во Истокот и нешто помалку тука во Скопје, но и тоа се случува“, рече Јаневска.
Министерката нагласи дека конечната слика за обемот на иселувањето ќе биде позната по објавувањето на официјалните статистички податоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јаневска: Има индикации дека бранот на иселување…
Бранот на иселување од земјава можеби е…
Нов глобален ризик за храната – силен…
Додека светот е фокусиран на војните и…
САД ИСПРАЌААТ НОВИ ВОЈНИЦИ ВО ЛИТВАНИЈА: Американската…
Вашингтон потврдил дека нова ротација американски војници…
Трамп од говорницата на ОН му се…
Американскиот претседател Доналд Трамп испрати една од…
Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Заеднички…
Во Њујорк остварив средба со претседателот на…