Ќе бидат ли „еко-активистите“ и против ЕУ? Нов план на Европа ја вклучува и Македонија во битката за руди

t

На чија страна ќе застанат еко-активистите кои упорно ги кочат инвестициите во рударството? – пишува Плусинфо.

Во продолжение дел од текстот.

Голем број најави за рудници низ годините не беа остварени, а последно на жестоки обвинувања и удари наиде и инвестицијата за рудник за бакар во Иловица. Дали оние кои континуирано го блокираат развојот на оваа индустрија автоматски му вртат грб и на Брисел?! Нов план на земји-членки на Унијата предвидува земјите-кандидати, како што е Македонија, постепено да се интегрираат во секторите на овој економски сојуз, сѐ додека не се заокружи полноправното членство. Еден од предвидените сектори е и оној што ги опфаќа политиките за критичните минерални суровини, а нашата земја се обврза дека ќе ги имплементира европските директиви преку новите закони за рударство и за геологија.

Македонија наскоро се очекува да креира сопствена Листа на критични минерални суровини, но и Листа на стратешки минерални суровини. Од она што е познато, државата поседува антимон и бакар. За првиот критичен минерал следува да се спроведуваат детални геолошки истражувања, додека пак за бакарот веќе е потврдено дека има огромни количини на овој метал во Иловица. Но, инвестицијата е во застој, иако побарувачката за бакар на светско ниво расте, а дополнително се очекува да се развие и југоисточниот дел на државата. Инвеститорот предвиде околу 1.000 директни вработувања за време на изградбата и 500 работни места во текот на работењето на рудникот, со тоа што предност за вработување ќе имаат луѓето од околината. Околу 2.700 индиректни работни места се проценува дека ќе се обезбедат преку локалните добавувачи кои ќе бидат ангажирани за потребите на функционирањето на рудникот.

Австрија, Италија, Словенија, Словачка и Чешка, преку нивниот План, сметаат дека новиот секторски пристап „би ѝ помогнал на ЕУ да постигне поголем геополитички удар и да се спротивстави на влијанието на Москва или на Пекинг“. Во документот, чии делови ги објави Еуроактив, се наведуваат неколку нови сектори кои би можеле да бидат вклучени, како што се транспортот, енергетиката и пазарите на електрична енергија, дигиталниот единствен пазар, стратегиите за конкурентност и политиките за критични суровини.

„Овој пристап би го проширил и зајакнал единствениот пазар, придонесувајќи за геоекономското значење и стратешката автономија на ЕУ, а воедно би ги приближил кандидатите и би помогнал во отпорот од влијанието на трети земји“, се наведува во документот.

Европските директиви кон кои ќе се приклучи Македонија сугерираат да се поедностават и забрзаат процедурите за издавање дозволи за рудници, со цел континтентот да не биде зависен за критични минерали од трети страни. Сепак, домашните еко-активисти, контра европските политики, се заканија дека нема да дозволат ниту еден нов рудник да се отвори. Последно, тоа го направи припадник за здружението „Здрава котлина“, според кого рудник во Македонија не треба да се отвора дури и покрај исполнети еколошки стандарди.

Целиот текст на Плусинфо

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе бидат ли „еко-активистите“ и против ЕУ?…

На чија страна ќе застанат еко-активистите кои…

Муцунски: Иднината се гради врз дијалог, солидарност…

Мирот бара храброст, толеранцијата бара лидерство и…

Во првиот квартал 2 472 хипотеки на…

Во периодот јануари – март годинава во…

ЕУ: Трговските и инвестициските односи со Кина…

Оваа оценка доаѓа по состанокот на Колегиумот…

ЕУ со јасна цел: „Генерација без тутун“…

Европската унија ја засилува борбата против пушењето…