Објавено на:

„Ќе нападнат и други членки на НАТО“ Кинеската влада го хакирала британското Министерство за одбрана?!

t

Кинеската влада извршила неколку кибер напади врз платниот систем на британското Министерство за одбрана кој содржи приватни информации за воениот персонал, објави британски Скај њуз.

Членовите на Долниот дом на британскиот Парламент денеска ќе бидат информирани за овој инцидент.

Пратеникот на Конзервативната партија Тобијас Елвуд изјави дека Кина „најверојатно бара финансиски слабости“ кај воениот персонал за да натера некои припадници да соработуваат со Кина во замена за пари.

– На потешкиот начин учиме како уметноста на војување бргу се менува со напредокот на технологијата. Одбраната на дигиталниот терен сега е исто толку важна како и одбраната на физичкиот. Доколку овој вид на кибернапад се случува во Велика Британија, можеме да претпоставиме дека ќе бидат нападнати и други земји-членки на НАТО – рече Елвуд.

Истрагата на Министерството за одбрана досега не покажала дека се украдени некои податоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Се слушаат врисоци пред несреќата: Објавено…

На социјалните мрежи се појави видео на…

Ахмети: Се прават планови во црвените подруми…

Одлуката што ја донесе ДИК и ја…

Израел брутално ја напаѓа Газа додека советникот…

Израелски авиони и тенкови ги нападнаа областите…

СО „ХОНДА“ УДРИЛ ВО ПОЛИЦАЕЦ! Турски државјанин…

Денеска (19.05.2024) во 02.50 часот, полициски службеници…

Се чека исказот на Палчо: Истрагата за…

Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски,…