Ќе пораснат ли платите на над 1.000 функционери од 200 до 250 евра?

t

Сè поизвесно е дека функционерите и годинава ќе добијат повисоки плати. На прашање на Телма дали и сега ќе се направи надолна корекција на коефициентите за да нема скок, од Владата стигна одговор дека годинава усогласувањето на нивните примања ќе биде согласно законите одредби и стандардот.

„По минатогодишната одлука за стопирање на растот на платите, која беше донесена како дел од пошироки мерки за финансиска стабилност, во текот на оваа година се очекува редовно усогласување на платите, согласно законските одредби и движењата на животниот стандард. Сите одлуки се носат одговорно, имајќи ги предвид економските услови, фискалните можности на државата и потребата од балансиран пристап“, одговорија од владата.

Од ССМ, пак, пресметаа дека со законското усогласување над 1.000 функционери би добиле повисока плата од 200 до 250 евра. Во формулата за пресметка на функционерките плати како параметри влегуваат просечната бруто плата од минатата година и коефициентот на сложеност. Само за пример, ако се земе ноемвриската просечна бруто плата од 2025 година и на тоа се додаде највисокиот коефициент, годинава некои од функционерите, со законското усогласување, ќе добијат околу 16.000 денари повисока плата.

Од ССМ кои веќе извесен период бараат зголемување на минималната плата, утринава поднесоа предлог до Собранието за намалување на функционерските плати преку кратење на коефициентите, но и во пресметката наместо просечната како параметар да биде минималната плата.

„Доколку не го направат тоа, ова е само иницијатива за да ја видиме нивната човечност, нивниот однос кон работниците и нивните гласачи и ако не го направат тоа, како што кажавме, истата иницијатива со 10.000 потписи од 10.000 работници ќе ја доставиме во собранието и тогаш ќе бидат принудени да ја донесат“, порача Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.

Откако во 2023 година, со одлука на Уставен суд, функционерските плати пораснаа за 78 отсто, веќе следната година пред парламентарните избори, тогашната Влада со измени во неколку закони ги намали коефициентите за да нема нов скок. Истото лани го направи и оваа владина гарнитура. Одлуката за раст на платите за речиси 80 отсто, предизвика лавина реакции во јавноста. Експертите коментираа дали е право време да се прави тоа, со оглед дека домашната економија беше сè уште кревка од ударот на Ковид и енергетската криза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе пораснат ли платите на над 1.000…

Сè поизвесно е дека функционерите и годинава…

Израел го гради првиот голем дата центар…

Албанија ќе го изгради првиот голем центар…

Гаши во Вашингтон: Посветеноста на Македонија кон…

Во рамки на работната посета на Соединетите…

Нови блокади и протести на граѓани поради…

Огнови, блокади и протести во повеќе градови…

Утре средба Влада – УПОЗ, Мицкоски: За…

Какофонијата во зголемување на платите во јавниот…