Гаши во Вашингтон: Посветеноста на Македонија кон НАТО и САД останува цврста

t

Во рамки на работната посета на Соединетите Американски Држави, претседателот на Собранието Африм Гаши денеска се обрати на Форумот за безбедност во Вашингтон, каде што говореше на тема „Инвестирање од 5% во одбраната и посветеноста кон партнерството со САД“. На форумот учествуваа светски лидери и членови на Американскиот конгрес, а дискусиите беа насочени кон глобалната безбедност и јакнењето на трансатлантската соработка.

Во своето обраќање, Гаши истакна дека посветеноста на Република Северна Македонија кон НАТО е силна и доследна, нагласувајќи дека ниту една држава не може самостојно да ја гарантира својата безбедност. Тој потенцираше дека земјата активно придонесува во Алијансата, ги исполнува преземените обврски и го докажува партнерството преку конкретни дела.

„Во време на глобална неизвесност, соработката во рамките на НАТО е поважна од кога било, особено за земји како нашата, во срцето на Балканот. Зајакнувањето на институциите, инвестициите во одбраната и заедничката интероперабилност се од суштинско значење за нашата колективна отпорност“, истакна Гаши.

Тој нагласи дека Северна Македонија стои како лојален сојузник на НАТО и стабилен партнер на Соединетите Американски Држави, потсетувајќи на пораките за единство и заеднички вредности на поранешните американски претседатели Џон Ф. Кенеди и Џорџ В. Буш.

„Северна Македонија ја избира одговорноста наместо двоумењето и единството наместо поделбите. Ова е нашето ветување кон заедничките вредности, заедничката безбедност и силната трансатлантска алијанса“, порача претседателот на Собранието.

Гаши го заврши обраќањето со порака на благодарност и со потврда за континуираната посветеност на земјата кон НАТО и партнерството со САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Семејна трагедија во Словенија, дете паднало во…

Трагедија се случила во близина на водопадот…

(Видео) Нападнат Петар Маѓар: Му истурија вино…

Унгарскиот премиер Петер Маѓар доживеал непријатност за…

Ѓорѓиевски: Фатено лице како создава дива депонија,…

Инспекторите на Град Скопје доцна синоќа затекнале…

Вучиќ: На 27 септември поднесувам оставка од…

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека по…