Ќе се прогласи ли кризна состојба?! Владата размислува за намалување акциза и даноци
Владата размислува да ги намали акцизата за горивата и ДДВ-то за увоз на енергенси за да се спречи ценовен шок за граѓаните и стопанството. Премиерот Христијан Мицкоски очекува ударот од конфликтот на Блискиот исток да се одрази на цените на енергенсите, најмногу на нафтата, не толку врз гасот. Вели можеби со тек на време ќе имаме одредени економски предизвици, разгледуваме кои се нашите можности да го намалиме ударот врз стандардот на граѓаните.
„Повеќе на нафтата бидејќи ние немаме премногу голема зависност во делот на гасот, полека завршува и грејната сезона, така што од тој аспект, а и македонската индустрија нема прилично голема развиена мрежа во делот на гасот. Така што можеби во делот на нафтена индустрија ќе имаме одредени притисоци, ќе треба да се зголемува цената, но и тука разгледуваме со министерството за финансии да намалиме во делот на акцизата, да намалиме во делот на даноците, да видиме кои се нашите можности за да го намалиме ударот врз стандардот на граѓаните“, изјави Мицкоски.
И енергетските експерти кои ги консултиравме најголемиот удар од тензиите на Блискиот исток го очекуваа врз цените на енергенсите. Но загрижувачки според нив е и тоа што се дуплираа тарифите за транспорт, а поскапиот транспорт може да ги качи цените на другите производи и услуги.
„Регулаторната комисија за енергетика консенквенцно да ги следи овие текови на цените и промптно да реагира преку донесување одлуки за цените на нафтените деривати кај нас за да не се создадат состојби каде што ќе имаме евтина цена на нафтени деривати, а ќе немаме деривати. Така да снабдувањето, испораката на нафтени деривати во Македонија треба да се обезбеди континуирано, само ако цените на домашниот пазар ги следат цените на меѓународните пазари“, изјави Славе Ивановски, експерт за енергетско право.
Премиерот не одговори дали и кога Владата би прогласила кризна состојба во државата и дали се размислува и за други мерки за заштита на граѓаните и стопанството, доколку состојбата се влоши.
Според законската регулатива во услови на воена, вонредна состојба,криза предизвикана од природна или друга непогода, Министерството за финансии може да ја намали акцизата за горивата до 4 денари или ДДВ за увоз на енергенси од 18 на 10 отсто. Агенцијата за нафтени резерви пак има законска обврска да обезбеди количини за непречено работење на економијата за 60 до 90 дена. Од Министерството за енергетика соопштија дека во случај на недостаток во снабдувањето, домашните нафтени резерви се стабилни. Но и тие се користат со одлука на Владата, во случај на прогласување енергетска криза или сериозно нарушување на снабдувањето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе се прогласи ли кризна состојба?! Владата…
Владата размислува да ги намали акцизата за…
Проблемот е што некој им дозволи на…
Васко Спасовски, ПР-менаџер на групата ДНК во…
Административните службеници во градинките бараат зголемување на…
Административните службеници во градинките реагираат дека имаат…
Америка ја тестираше ракетата на „Судниот ден“:…
САД тестираа балистичка ракета „судниот ден“ покрај…
Мојсоска: Жените во земји во војна се…
На собраниската седница посветена на Меѓународниот ден…