Проблемот е што некој им дозволи на газдите на дискотеките 30 години да исплаќаат на рака без договор, рече ПР-менаџерот на ДНК
Васко Спасовски, ПР-менаџер на групата ДНК во последните три до четири години, денеска сведочеше за случувањата поврзани со дискотеката „Пулс“.
Тој изјави дека критичната ноќ не бил во Кочани и дека околу четири часот наутро бил разбуден од скриншот од објава на социјалните мрежи дека избувнал пожар. По тоа, како што рече, се обидел да ги добие Панчо и Андреј, но едниот бил недостапен, а другиот не се јавувал.
Спасовски во сведочењето посочи и на проблемот со ангажманите на естрадните уметници, оценувајќи дека со години сопствениците на дискотеки исплаќале хонорари „на рака“.
Тој нагласи дека пејачите често немаат пензиско и здравствено осигурување и додаде дека не се сеќава некогаш да излегол од „Пулс“ со формален договор.
Во своето сведочење Спасовски потенцираше дека тој не бил задолжен за организација на сценскиот настап на ДНК. Во однос на пиротехниката рече дека имал сознанија дека истата била набавена од групата од продавница во Кисела Вода и дека најверојатно ја активирал битбоксерот Буцо.
Извор: 4Њуз
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Минималецот во Србија достигна 600 евра
Минималната плата во Србија ќе биде 600…
Русин доби казна за објавено видео од…
Судот во Санкт Петербург казни жител кој…
ЦУК: 11 активни пожари низ Македонија
Центар за управување со кризи: Информација за…
Трговска пресметка под сенката на Трамп: Меркосур…
Американските царини врз Бразил и пошироката трговска…
Туристички брод удрил во бетонски блокови на…
Грчката крајбрежна стража денес објави дека шест…