Објавено на:

Ѝ ветиле работа во државна институција – скопјанка пријавила измама за 152.000 денари

t

И ветувале работа во државна институција, и на крајот приметила дека е измамена. 47-годишна скопјанка пријавила дека била измамена од едно машко и едно женско лице за 152.000 денари.

„На 13.05.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, 47-годишна жена од Скопје пријави дека во периодот од 04.05.2026 до 06.05.2026 таа и нејзиниот татко биле измамени од две лица за 152.000 денари. Според пријавеното, таа преку социјална мрежа и телефонски  стапила во контакт со едно женско лице и едно машко лице, кои биле и дома кај неа и ветиле дека ќе ја вработат во некоја од државните институции, за што во неколку наврати оштетените им дале пари. Но, бидејќи 47-годишната жена не добила вработување, случајот го пријавила во полиција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Сведоштво на измамениот Петров за лажно…

„Живееме многу тешко. Дома сме со пензија…

Измама од туристичка агенција тешка 87 илјади…

Според информациите од полицијата, 34-годишна жена и…

Еден час пред почетокот, одложено судењето против…

Сведочењето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во…

Лажен инспектор измамил старица за над 124.000…

На 25.01.2026 година, СВР Битола, во координација…