Авдуљ-Селам Селами, новиот директор на Биро за метрологија: Мислев дека тоа е наука за времето

t

Авдуљ-Селам Селами, кадар на ДУИ и поранешен заменик-директор на УЈП, денеска како нов директор на Биторот за метрологија, институција под надлежност на Министерството за економија за работа со мерни инструменти за контрола на квалитет, се обрати по повод Светскиот ден на метрологијата.

Тој рече дека порано пред да стапи на функција си мислел дека оваа државна институција ги следи метеоролошките промени. Покрај објаснувањето за значењето, достигнувањата и плановите на ова Биро меѓу другото рече и дека тој до пред некое време мислел дека ова е наука за времето.

-Метрологијата е наука за мерењата, метрологијата нема врска со временска прогноза во која што и јас, очигледно да ви кажам, до пред некое време грешев, мислев дека е наука за времето, рече Селами пред присутните.

Селами по професија е дипломиран правик, а негово прво вработување било инспектор во УЈП. Потоа беше заменик директор на Агенција за финансиска поддршка на земјоделието и рурален развој, заменик директор на Управа за јавни приходи, бил член на Управен одбор на Универзитетска клиника за невролоија и член на Управен одбор на ЈП „Улици и патишта“-Скопје.

На Светскиот ден на метрологијата се обрати и министерот за економија Кршеник Бектеши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото+Видео) Орбан објави фотографија со Трамп: „Разговаравме…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го посети поранешниот…

Армиски хеликоптери напомош во гаснење на пожарот…

Армиски хеликоптер се вклучи во гаснење на…

(Видео) И ОВА СЕ СЛУЧИ ОД БАЈДЕН:…

Американскиот претседател Џо Бајден го најави украинскиот…

„Влен“ ќе има седум заменици-министри, Ељфете Исмаили…

Министерот за здравство и дел од коалицијата…

ЗА МНОГУ ГОДИНИ: ДЕНЕСКА Е ПЕТРОВДЕН!

Син Јонин, брат на Андреј Првоповиканиот, од…