Израел објави, 19 повредени во нападот на Xезболаx на северот од државата
Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници, се повредени денеска во северен Израел во напад со беспилотно летало на либанското движење Хезболах, соопштија израелските претставници за вонредни состојби, додека меѓународната заедница се обидува да ги намали тензиите на Блискиот исток каде што се заканува да се прошири конфликтот.
Локалните власти во северен Израел издадоа нови упатства за сите жители „да ги избегнуваат сите несуштински активности и да останат во близина на безбедно подрачје“ до понатамошно известување, пренесе Бета.
Меѓународната заедница се обидува да избегне ескалација во регионот на Блискиот Исток, откако Иран и неговите сојузници ветија дека ќе се одмаздат за убиствата на лидерот на Хамас и воен шеф на Хезболах минатата недела.
Од почетокот на војната во Газа, Хезболах отвори фронт за поддршка на палестинскиот Хамас во јужен Либан и секојдневно разменува оган со Израел.
Во прекуграничното насилство во Либан од октомври загинале најмалку 555 луѓе, вклучувајќи 361 борец на Хезболах и 116 цивили.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Се проверува авион од Израел на аеродромот…
Авион од Израел слетал во Софија и…
Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…
Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…
Десет американски воени транспортни авиони пристигнаа во…
Десет транспортни авиони на американските воздухопловни сили…