АВМУ реагира на односот на новинарот кој ја прашува Јаневска дали си носи преведувач во Тетово

t

„Во врска со непристојниот однос на новинарот Невриј Адеми кон министерката за образование и наука, Весна Јаневска, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги посочува дека медиумските работници при извршување на својата професија треба доследно да ги почитуваат професионалните новинарски стандарди и принципи“, пишува во реакцијата од АВМУ која доаѓа откако вчера во Тетово, новинарот по вторпат ја праша министерката Јаневска си носи преведувач.

„Комуникацијата помеѓу новинарите и носителите на јавни функции треба да биде коректна,достоинствена и базирана на заемна почит, со висок степен на професионализам и одговорност. Агенцијата потсетува дека критичкото известување и поставувањето прашања се суштински дел од новинарската работа, но тие треба да бидат формулирани и презентирани во согласност со етичките норми на начин што не навредува, не дискредитира и не создава непотребни тензии“, велат од АВМУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АВМУ реагира на односот на новинарот кој…

„Во врска со непристојниот однос на новинарот…

Зоран Трајчевски директор на АВМУ и во…

Зоран Трајчевски ќе ја раководи  Агенцијата за…

АВМУ го осудува нападот врз редакцијата на…

По синоќешниот брутален упад во редакцијата на „Инфомакс“ во…

Виши управен суд: Тужбата на Левица против…

Вишиот управен суд, на седницата одржана на…

Управниот суд ја отфрли тужбата на Левица…

Управниот Суд, на седницата одржана на 6…