АВМУ го осудува нападот врз редакцијата на „Инфомакс“
По синоќешниот брутален упад во редакцијата на „Инфомакс“ во живо во емисијата „Тешки Муабети“, голем број на колеги новинари, политичари, политички партии и граѓански здруженија излегоа во јавноста со поддршка за „Инфомакс“ и осуда за нападот.
„Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува вчерашниот насилен упад во редакцијата на интернет порталот Инфомакс, извршен од непознато лице за време на емитување на подкастот „Тешки муабети“.“ – пишуваат од АВМУ.
„Агенцијата потсетува дека ваквите постапки претставуваат директен напад врз слободата на медиумите и правото на новинарите да ја извршуваат својата работа без притисоци и закани. Насилството врз медиумските работници и упадите во редакции се апсолутно неприфатливи и бараат итна и соодветна реакција од надлежните органи, поради што очекуваме во најкус можен рок да бидат преземени соодветни мерки за целосно расветлување на случајот.
Обезбедувањето безбедна и стабилна работна средина за новинарите и медиумските работници претставува суштински предуслов за слободата на изразување и правото на информирање и сите релевантни институции треба да се вложат максимални напори вакви и слични инциденти да бидат спречени во иднина.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Напад на бомбаш-самоубиец, најмалку 14 загинати…
Најмалку 14 лица, меѓу кои и полицајци,…
(Видео) Нападнат е Иран, одекнуваат експлозии во…
Израел започна воздушни напади врз централен и…
Деветмина загинати во израелски воздушен напад над…
Во денешните израелските воздушни напади врз јужен…
Нарачал производи, па го ограбил и натепал…
На 05.06.2026 во 22:30 часот во СВР…
Саудиска Арабија го осуди иранскиот напад врз…
Саудиска Арабија го осуди утринскиот ирански напад…