Виши управен суд: Тужбата на Левица против АВМУ е неоснована

t

Вишиот управен суд, на седницата одржана на 6 ноември 2025 година, донесе Решение со кое жалбата на политичката партија Левица против Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е одбиена како неоснована. Со ова се потврди претходно донесеното Решение на Управниот суд, со кое беше отфрлен предлогот на Левица за поништување на Упатството за радиодифузерите за локалните избори 2025 од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Ова Упатство, Агенцијата го донесе за да го појасни начинот на примена на одредбите од Изборниот законик за распределба на времето за платено политичко рекламирање, распределба на времето во вестите кај Јавниот радиодифузен сервис, бесплатното политичко претставување на Собранискиот канал и за обезбедување пристапност на содржините за изборниот процес.

Вишиот управен суд оцени дека претходно донесеното решение на Управниот суд е правилно и законито и дека со него не е повреден законот на штета на политичката партија Левица.

Со ова, како и со претходните решенија на Управниот суд и Основниот граѓански суд, уште еднаш се потврдува дека Агенцијата постапува согласно законските прописи и работи професионално.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АФД победи на покраинските избори во Мекленбург-Западна…

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) извојува победа…

Левица предлага студентскиот оброк да изнесува еден…

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, на денешната…

Левица гласаше против поддршка за онколошки случаи,…

Изгласан новиот ребаланс на буџетот - нов…

Левица: Три години се крши Законот за…

На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…

СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на…

Соопштение на СДСМ Левица најави дека во…