Австралија повторно се избpyка – не можат да го дeпopтиpaaт: Ѓоковиќ не претставува опасност за државата – еве што вели вештаkoт

t

Во официјалните документи доставени до судот, мислењето на вештаците е дека Новак Ѓоковиќ не претставува опасност за Австралија.

Министерот за имиграција Алекс Хок во петокот изјави дека Новак Ѓоковиќ е опасност за Австралија и дека поради тоа не може да добие виза. Но, мислењето на стручни лица од Министерството за здравство говори поинаку, пренесува Б92.нет, што се е наведено во официјалната судска документација.

Ако се претпостави дека Новак Ѓоковиќ добил позитивен тест на 16 декември 2021 година, а негативен на 22 декември, а бил асимптоматски барем од 27 декември, не бил вакциниран, колкава  опасност претставува за другите?

– Користејќи ги горенаведените претпоставки, можеме да потврдиме дека Новак Ѓоковиќ е заразен со коронавирус, па иако не бил вакциниран, тоа значи дека е заштитен од коронавирусот во следните неколку месеци. Неговиот негативен тест, кој го доби на 22 декември, исто така покажува и дека се заразил со вирусот и дека има антитела. Не е голема веројатноста дека претставува опасност, затоа цениме дека не е ризик за Австралијците – се вели во официјалните судски документи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Австралија не разговара со ЕУ за придружно…

Австралиската влада реагираше за Euronews на најавата…

Мецола: Австралија и Нов Зеланд може да…

Земји како Австралија и Нов Зеланд би…

„Антропик“ отвора дата-центар во Австралија, ќе биде…

Гигантот во областа на вештачката интелигенција „Антропик“…

Два авиона за малку ќе се судреа…

Пет од десетте контролори на летање кои…

Македонка во Австралија ја уби 85 годишната…

Македонката Милена Богојевска (51) е осудена во…