Објавено на:

Австралија ќе назначи специјален советник за истрага на смртта на хуманитарците во Газа

t

Австралиските власти ќе назначат специјален советник кој ќе работи со Израел за да се обезбеди „транспарентност“ во истрагата за смртта на седум хуманитарни работници во Појасот Газа, вклучително и една Австралијка, кои беа убиени од израелски дрон, пренесе Бета.

Австралиската министерка за надворешни работи, Пени Вонг, рече дека информациите за нападот доставени од Израел досега се недоволни и дека нејзината влада сака „квалификувано лице“ да ја надгледува истрагата.

Владата ќе назначи специјален советник да работи со Израел, како што побаравме, за да можеме да бидеме информирани за напредокот на истражниот процес, рече Пени Вонг.

Според неа, Австралија сака да има „целосна доверба во транспарентноста на истрагата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Австралија ќе обезбеди рекорден пакет воена помош…

Австралиската влада ќе и го обезбеди на…

Израелските тенкови влегоа во Газа!

Израелските сили рано утрото го нападнаа градот…

УНРВА: 35-45 загинати во нападот врз училиштето…

Директорката за комуникации на УНРВА, Џулиет Тума,…

(Видео) НАЈМАЛКУ 27 МРТВИ ВО НАПАД НА…

Израелската војска утринава ја презеде одговорноста за…

САД: Израел ги постигна повеќето од своите…

Вашингтон го продолжува притисокот врз Израел да…