Автобус од Скопје за Кочани остана без две гуми – патниците среде автопат чекаат нов превоз

t

Автобус марка „мерцедес“ кој сообраќал на релација Скопје – Велес – Кочани останал без двете гуми веднаш после патарината кај Велес, па сега десетината патници останале среде автопат за да чекаат нов превоз и со него да стасаат до Кочани.

Двете гуми на автобусот на компанијата „Авто Атом“ се дупнале некаде по патарината кај Велес, и гумите се на автопатската делница пред тунелот. За среќа во инцидентот нема повредени патници.

Возачот кога забележал дека се дупнале две гуми запрел и го паркирал автобусот. Во возилото две патнички оделе за Велес, а останатите за Кочани. Двете патнички со приватен превоз се упатиле кон Велес, а останатите чекаат да бидат префрлени и да надлежните да реагираат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ова е состојбата на патиштата низ Македонија:…

 Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Истрага против тројца браќа за убиство од…

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за…

Во Собранието трет ден расправа за ребалансот…

На собраниската Комисија за финансирање и буџет…

Мицкоски: Лично сум фокусиран на избор на…

Премиерот Христијан Мицкоски вчера најави дека многу…

ЕУ ќе ѝ префрли на Украина 1,5…

ЕУ ќе и префрли на Украина 1,5…