Автобус од Скопје за Кочани остана без две гуми – патниците среде автопат чекаат нов превоз
Автобус марка „мерцедес“ кој сообраќал на релација Скопје – Велес – Кочани останал без двете гуми веднаш после патарината кај Велес, па сега десетината патници останале среде автопат за да чекаат нов превоз и со него да стасаат до Кочани.
Двете гуми на автобусот на компанијата „Авто Атом“ се дупнале некаде по патарината кај Велес, и гумите се на автопатската делница пред тунелот. За среќа во инцидентот нема повредени патници.
Возачот кога забележал дека се дупнале две гуми запрел и го паркирал автобусот. Во возилото две патнички оделе за Велес, а останатите за Кочани. Двете патнички со приватен превоз се упатиле кон Велес, а останатите чекаат да бидат префрлени и да надлежните да реагираат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен: Длабоко сум вознемирена од…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Маж пронајден мртов во дом во Ѓорче…
На 22.10.2026 во 18:40 часот во СВР…
Ниту едно вето не може да го…
Македонија треба мудро и трпеливо да продолжи…
Пак гужва на ГП „Богородица“
Според информациите од Автомото сојузот на Македонија…
Танкер со 40.000 тони руски дизел отплови…
Танкер со 40.000 тони руски дизел под…