Адеми: Целта на овој владин состав е ветувањето за прв албански премиер во последните 100 дена

t

Координаторот на пратеничката група на Демократската Унија за Интеграција, Арбер Адеми во својотето обраќање на денешната собраниска седница за избор на Влада, нагласи дека цело ДУИ и сите граѓани ја поддржуваат новата предложена структура на владата и нејзината програма, додавајќи дека пратениците на ДУИ целосно веруваат во професионалната компетентност на одредените кадри и на квалитетот на содржината на програмата надополнета со проекти и дополнителни стратегии.

„Денеска одлучуваме дали ќе дадеме зелено светло за континуитетот на развојните проекти и проектите на квалитетниот живот, јасно дефинираните механизми и стратегии за да продолжиме успешно да се справуваме со енергетската, здравствената и мигрантската криза како глобални предизвици на денешницата. Време е да ја докажеме нашата политичка зрелост, да дадеме свој придонес за да се овозможи стабилност и конзистентност во процесот на одлучување во служба на граѓаните и поголемата развојна перспектива. Конечно, со сите позиции предводени од нашите кадри, се докажа дека земјата ништо не изгуби, напротив, ги зацврсти своите позиции на патот на развојот, ги негува вредностите на еднаквоста и јасно и решително го следи патот на интеграција и одржување на партнерството со земјите на Европската Унија и Соединетите Американски Држави“, изјави Адеми.
Тој нагласи дека цел и на овој владин состав ќе биде остварување на ветувањето за прв албански премиер во последните 100, предложен од ДУИ. Според него ваквото достигнување кое, како што рече ќе стане реалност несомнено ќе биде показател за демократската зрелост на земјата и најдобар промотор на проевропските вредности на соживот и напредок.

„Цел и на овој владин состав кој ќе ја има нашата максимална поддршка е и ветувањето за прв албански премиер во последните 100 дена предложен од страна на Демократската Унија за Интеграција која веќе ја има поддршката од СДСМ, но не само, ја има поддршка и од ВМРО ДПМНЕ и албанските политички субјекти во опозиција. Ние, 15-те пратеници на ДУИ и нашите гласачи, но и мнозинството наши граѓани, немаме дилема, се решени, сите заедно ќе ја поддржиме оваа Влада“, потенцира Адеми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: Дволичноста на Бујар: Ноќе те убива,…

Соопштение на ВЛЕН Бујар Османи се обидува…

ДУИ бара албанскиот јазик да биде вратен…

Отстранувањето на албанскиот јазик од државните табли…

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…

ДУИ: ВЛЕН стана синоним за потчинетост –…

Кога дури и Максим Димитриевски, политичар кој…

ДУИ: Откако ВЛЕН стана дел од Владата,…

За време на изборите, ВЛЕН ветуваше дека…