ДУИ: Повторно се гради дивоградбата на државно земјиште во Чаир
„Повторно се изведуваат градежни работи на објектот на улицата „Ќемал Сејфула”, кој минатата година беше јавно пријавен како дивоградба на државно земјиште. Во мај 2025 година, поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, излезе на терен и јавно објави дека објектот се гради без проект и без одобрение за градба, на само еден метар од постојната станбена зграда, непосредно пред прозорците и балконите на станарите“, соопштија утрово од Демократската унија за интеграција (ДУИ).
„По јавната пријава, Обвинителството отвори истражна постапка против инвеститорот. Според тогашното соопштение на Обвинителството, станува збор за шесткатен станбено-деловен објект, започнат без одобрение за градба и на државно земјиште. Беше предложена и забрана за изведување градежни работи.
Работите запреа. Една година подоцна, работниците и градежната механизација повторно се на терен.
Соседните семејства повторно се соочуваат со објект кој им ги затвора прозорците и балконите, додека од Општина Чаир нема ниту објаснување, ниту инспекциски записник, ниту јавно решение за запирање на работите.
Бараме Општина Чаир веднаш да испрати инспектори на терен и јавно да соопшти:
врз основа на која документација се продолжени работите; дали постои важечко одобрение за градба; што презел општинскиот инспекторат; дали сè уште важи забраната за градежни работи предложена во рамки на истражната постапка.
Бараме и Обвинителството да ја информира јавноста до каде е истрагата и како е овозможено продолжување на работите на објект кој самото Обвинителство го третираше како дивоградба на државно земјиште.
Секој ден молк му дава на инвеститорот уште еден кат, а на станарите им одзема уште повеќе светлина, простор и безбедност“, додаваат оттаму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ: На Воената академија – 0 кадети…
Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение…
ДУИ бара брзи предвремени парламентарни избори!
ДУИ бара брзи предверемени избори по победата…
(Видео) ДУИ ја прославува победата во Брвеница
Демократската унија за интеграција (ДУИ), како предводник…
Официјално: Кандидатот на ДУИ победи во Брвеница
Кандидатот на ДУИ, Аркин Јахиј, победи во…
(Видео) Кандидатот на Влен отиде лично да…
Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од…