Објавено на:

Албанија забранува телефони, чипсови и грицки во основните и средните училишта

t

Албанија од новата учебна 2026/2027 година воведува построги правила во основните и средните училишта, меѓу кои забрана за користење мобилни телефони и внесување нездрава храна.

Новата учебна година во Албанија почнува на 14 септември, а учениците уште на првиот училишен ден ќе бидат запознаени со правилата кои ќе треба строго да ги почитуваат.

Во секое одделение ќе се објаснуваат безбедносните правила, кодексот на облекување, забраната за мобилни телефони и нездрава храна, како и принципите на меѓусебно почитување и соживот во училишната заедница.

Во процесот ќе бидат вклучени наставниците, психосоцијалните служби, обезбедувањето и останатиот училиштен персонал, со цел правилата да бидат јасно разбрани и доследно применувани.

Новина е и воведувањето систем за проценка и управување со ризици во училиштата. Локалните образовни канцеларии ќе назначуваат координатори за ризик, а училиштата ќе бидат класифицирани според степенот на ризик. Во дел од нив веќе се поставени и безбедносни камери.

Проценките ќе се прават преку анкети, докази и физички проверки на училиштата, а директорите ќе имаат обврска да преземаат мерки за намалување на утврдените ризици и да соработуваат со општините, полицијата и здравствените служби.

Како еден од главните приоритети за новата учебна година е наведена и превенцијата од насилство, малтретирање и насилен екстремизам, со посилен акцент на соработката меѓу училиштата, родителите и локалната заедница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија забранува телефони, чипсови и грицки во…

Албанија од новата учебна 2026/2027 година воведува…

ЗНАМ: Во Македонија нема место за глорификација…

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија остро…

Повредени двајца пожарникари при гаснење на пожарот…

Двајца пожарникари се повредени при интервенцијата за…

За 24 часа горело на 10 места:…

На ден 30.08.2026 година, до 13:00 часот,…

На Табановце и Блаце се чека до…

Поради зголемена фреквенција на возила на ГП…