Повредени двајца пожарникари при гаснење на пожарот на Пелистер
Двајца пожарникари се повредени при интервенцијата за локализирање на пожарот на Пелистер, кој вчера се прошири од ресенскиот регион кон планината.
Според информациите од терен, пожарникарите се здобиле со повреди додека учествувале во гаснењето на огнот на тешко пристапен терен. Тие биле извлечени од местото и им била укажана медицинска помош.
Пожарот во изминатите часови зафатил сува трева, ниска вегетација и шумски појас, а во гаснењето биле ангажирани екипи од земја, како и противпожарни авиони „ер трактори“.
Надлежните служби соопштуваат дека пожарот е ставен под контрола и дека се работи на негово целосно локализирање, но екипите остануваат на терен поради можноста од повторно разгорување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Казнети четворица возачи, блокирале булевар во…
Министерството за внатрешни работи информира дека во…
Иран се закани со напади врз интернет-кабли…
Секретарот на иранскиот Врховен совет за национална…
По енергетското „примирје“ – Зеленски: Погодена ТЕЦ-5…
Руските сили вечерва ја погодиле термоелектраната ТЕЦ-5…
Мециновиќ и Диро заедно положија цвеќе во…
Делегација на Левица предводена од пратеникот Амар…
(Видео) Без возачка дивееше со мотор на…
Министерството за внатрешни работи го пронајде и…