Објавено на:

Албанската полиција удри по демонстрантите: Го штитат премиерот од народот што бара намалување на цените на горивата

t

Албанската полиција употреби сила против демонстрантите во Тирана кои протестираа против поскапувањето, пред се на горивото, објави порталот на „Албаниан дејли њуз“.


„Протестите поради поскапувањето во Тирана резултираа со судири со полицијата, која употреби сила и почна да ги приведува демонстрантите. „Граѓаните се собраа вечерта пред кабинетот на премиерот Еди Рама, излегоа на мирна прошетка низ главните улици и го блокираа кружниот тек“, пишува порталот, објавувајќи видео од инцидентот.


Албанскиот претседател Илир Мета во четвртокот ги повика властите во земјата да го запрат поскапувањето на горивата откако цената на литар бензин надмина 2 евра. Според него, граѓаните со минимална плата од 238 евра месечно и околу 40 отсто од населението со приходи помали од 5,5 долари дневно, повеќе плаќаат гориво отколку во земјите од ЕУ. Во Албанија 1 литар бензин во четврток чини 2,2 евра.


Мета рече и дека иако, според Глобал Петрол Прајс, цените на горивата во регионот се пониски отколку во Албанија, досега не е усвоен антикризен пакет помош, за разлика од соседните земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес ја стресе и Албанија

Епицентарот бил во близина на Валона, на…

Албанската полиција само во округот Скадар годинава…

Во рамки на националната акција „Чиста територија“…

Стерјовски: Македонците и седум други малцинства не…

Македонците во Албанија, заедно со претставници на…

Советот на ЕУ одобри 13 милиони евра…

Советот на ЕУ објави дека одобрил доделување…

Врховниот суд на Албанија ја потврди затворската…

Врховниот суд на Албанија во петокот ги…