Советот на ЕУ одобри 13 милиони евра за вооружените сили на Албанија
Советот на ЕУ објави дека одобрил доделување 13 милиони евра за вооружените сили на Албанија. Средствата се од доделениот буџет за поддршка на мирот, од кој се обезбедува и помош за вооружување на Украина.
Во соопштението се истакнува дека сумата што и е доделена на Тирана ќе биде искористена за набавка на оклопни транспортери. Таквите возила обезбедуваат заштита од мало оружје и експлозивни направи. Машините се цврсти и можат да се користат за различни намени.
Помошта е наменета за подобрување на способноста на Албанија да учествува во заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ, вклучително и во мисиите, операциите и меѓународните коалиции.
Во областа на безбедноста, Албанија е сигурен партнер, земјата е кандидат за влез во ЕУ, истакна високиот европски претставник за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, цитиран во соопштението. Според него, Албанија целосно ги спроведува европските надворешнополитички одлуки, што е знак за јасниот стратешки избор на балканската земја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рама ја исклучи можноста за оставка, повика…
Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги повика…
Осомничен за убиство во Македонија, турски државјанин…
31-годишен турски државјанин, кој бил баран со…
(Видео) Нова тепачка во албанскиот парламент: пратеници…
Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа…
Фон дер Лајен, Кошта и Марта Кос…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Рама најави построги казни за протестите во…
Албанскиот премиер Еди Рама најави пакет законски…