Албанскиот претседател изненаден: Над 90% од младите сакаат да ја напуштат државата
Албанскиот претседател Илир Мета учествувајќи на трибина со млади изнесе податок дека над 90 отсто од младите размислуваат да ја напуштат земјата.
– Со задоволство ја прифатив поканата на Стручната академија “ЕЛИТА” да разговарам со десетици млади во врска со најголемата драма што се случува во земјава а тоа е депопулацијата, објави Мета на Фејсбук.
Со нив, додава, ги споделил загрижувачките податоци на Галуп, според кои заминувањето на младите од земјата достигнува бројка и до 70 отсто.
Исто така, според него, над 90 отсто од анкетираните млади лица изјавиле дека сериозно размислуваат да ја напуштат Албанија, за еден подобар живот за поквалитетно образование или подобра работа.
– Затоа ги повикав нив и нивноте врсници во целата земја, да се организираат и да бидат локомотива на промени и добро владеење, кои ќе донесат надеж, доверба, благосостојба и напредок. Младите да ја преземат контролата над сопствената и судбината на државата, за да ја запрат депопулацијата, наведува Мета. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) МАСОВНА ТЕПАЧКА во албанскиот парламент
За време на денешната седница албанскиот парламент…
Молотови коктели кон кабинетот на Рама, пожар…
Демонстрантите во Тирана фрлаа молотови коктели кон…
Еди Рама: Никој не може да ме…
Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека…
(Видео) „Војна“ на улиците на Тирана, демонстрантите…
Илјадници млади Албанци денеска излегоа на улиците…
И неговите се свртеа против Еди Рама…
Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…