Молотови коктели кон кабинетот на Рама, пожар пред владата во Тирана

t

Демонстрантите во Тирана фрлаа молотови коктели кон кабинетот на албанскиот премиер Еди Рама и полицискиот кордон што ја обезбедува зградата, за време на деветтиот ден од протестите во албанската престолнина.

Според „Еуроњуз Албанија“, молотовите коктели предизвикале помал пожар, кој брзо бил изгаснат од дежурната противпожарна екипа. Водените топови биле подготвени, но не биле употребени, а полицијата не упатила повик до демонстрантите.

Протестот продолжил неколку часа, по што учесниците се упатиле кон плоштадот „Скендербег“. Демонстрантите најавиле дека протестите ќе продолжат и денеска, кога е закажана пленарна седница на албанскиот парламент.

Протестите во Албанија ги предводат студентите, а започнале поради незадоволството од состојбите во образованието, високите трошоци за студирање и ограничените можности за вработување на младите. Со текот на деновите, демонстрациите прераснале во пошироко движење против владата на Рама, со барања за негова оставка.

Албанскиот премиер утрово повторно повика на дијалог со демонстрантите преку видеоснимка објавена на Фејсбук. Во пораката, придружена со коментарот „Добро утро“, тој поставил покани за разговор на бетонски клупи, откако претходниот ден ги постави на столици.

Локалните медиуми оценуваат дека во Тирана се очекува уште еден напнат ден. Студентите и граѓаните најавиле нов собир пред албанскиот парламент во 9 часот, еден час пред почетокот на пленарната седница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанското Специјално обвинителство отвори истрага против Рама…

Албанското Специјално обвинителство за борба против корупцијата…

(Видео) Студентите предводеа национален протест во Тирана,…

Студентите и поддржувачите на албанската опозиција денеска…

„Долу диктатурата“: Вечерва во Тирана повторно антивладин…

Во Тирана вечерва повторно се одржа антивладин…

Рама ја исклучи можноста за оставка, повика…

Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги повика…

Осомничен за убиство во Македонија, турски државјанин…

31-годишен турски државјанин, кој бил баран со…