Објавено на:

Албанскиот јазик може да биде петти официјален јазик во Швајцарија?

t

Минатата година, 2,8 отсто од луѓето постари од 15 години во Швајцарија зборувале албански јазик како главен јазик, што е за 0,3 отсто повеќе од пред една деценија, па прашање е дали доколку продолжи овој тренд, албанскиот ќе стане петти официјален јазик во на таа земја, пренесува Швајцарската радио и телевизија (SRF).


Фактот што годинава во Швајцарија се емитуваше повеќе музика на албански јазик отколку на германски дијалект, загрижува многумина во швајцарската заедница.

Податоците покажуваат и дека албанскиот е еден од најзборуваните јазици по германскиот, францускиот и италијанскиот. Ова го наметнува прашањето – што значи ова за иднината?

Лингвистот на Универзитетот во Цирих Стефан Шмид за SRF објаснува што се случува кога мигрантите ќе донесат јазик во една земја.

„Класичен модел за ова е сценариото за три генерации. Развиено е врз основа на имиграцијата во Соединетите држави. Во првата генерација луѓето го зборуваат само својот мајчин јазик. Првите италијански имигранти во САД зборуваа само на италијански дијалект. нивните деца станаа двојазични. Конечно, внуците станаа еднојазични Американци кои зборуваа само англиски. Истакнат пример за тоа е пејачката Мадона. Нејзините баба и дедо емигрирале од Италија. Таа речиси веќе не зборува италијански“, објаснува тој.

Сепак, вели тој, јазикот на имигрантите може да исчезне многу побрзо.

„Ако земјата на потекло и новата земја се културолошки и лингвистички слични. Пример за ова е Аргентина. Имаше масовна имиграција од Италија. Бидејќи шпанскиот е многу сличен, Италијанците брзо го заборавија својот мајчин јазик“, рече Смид.

Сепак, тој истакнува дека понекогаш јазикот на доселеникот може да се прошири во нова земја.

Во Швајцарија, вели тој, каде што се зборува германски, италијанскиот е добар пример за тоа: за време на економскиот бум во повоениот период, имаше голем бран на имиграција на Италија.

„Така се рашири италијанскиот јазик, особено на градилиштата и во фабриките. Многу имигранти кои не беа Италијанци зборуваа италијански. Главната причина беше односот меѓу јазиците“, рече тој.

И покрај тоа, лингвистот смета дека е невозможно албанскиот да стане петти службен јазик во Швајцарија, односно да исчезне германскиот јазик, а да преовладува јазикот на доселениците.

„Она што сигурно никогаш нема да се случи е дека швајцарскиот германски ќе исчезне и ќе преовладуваат јазиците на мигрантите. Можно е децата да фатат збор или два албански на игралиштето – ова се нарекува неформално усвојување јазик. Студиите од Швајцарија покажуваат, но, дека тоа ретко се случува кај Албанците.Покрај тоа, децата со албанско потекло кои денес одат во основно училиште најчесто припаѓаат на третата генерација и, како што покажуваат истражувањата, често зборуваат само германски“, вели Шмид.

Во принцип, странските јазици, објаснува тој, имаат тенденција да живеат подолго во современите земји, што е поврзано со современите средства за комуникација како што се социјалните мрежи и интернетот.

„Полесно е да се остане во контакт со земјата на потекло и нејзиниот јазик“, истакнува лингвистот.

Патем, во Швајцарија има четири официјални јазици – германски, француски, италијански и ретомански.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ова е жената во која пукаше Албанец…

Триесетгодишната В.Ј. (30) од Велика Дренова е…

15- годишник од Швајцарија избодел Евреин со…

15-годишен тинејџер е уапсен под сомнение дека…

Османи: Швајцарија дозволува движење со старите пасоши,…

Државите самите одлучуваат како ќе се однесуваат…

Македонија ја победи Швајцарија!

Ракометната репрезентација на Македонија со победа над Швајцарија од 29-27 (13-9)…

Балканот трие раце: 7.000 слободни места за…

Иако професијата останува популарна во Швајцарија, во…