Володин: Конференцијата во Швајцарија нема никаква смисла, Путин даде предлог за мир
Одреден број пратеници на украинската Врховна рада веќе почнаа да разговараат за мировните предлози на рускиот претседател Владимир Путин, изјави претседателот на руската Државна дума, Вјачеслав Володин, но ваквите податоци не се потврдени од Украина.
Како што рече Володин, швајцарскиот состанок за Украина, кој треба да се одржи денеска, го изгубил своето значење со оглед на тоа што Путин предложил формула за мир не само во врска со ситуацијата во Украина, туку и во цела Европа.
„Колку подолго украинските пратеници се надеваат дека САД и Европската унија ќе ги решат сите прашања за нив, толку помалку граѓани на таа земја ќе останат кои се потрошен материјал за Вашингтон и Брисел“, напиша Володин на Телеграм.
Володин посочи дека преговорите може да се водат само во име на граѓаните на нивната земја, но бидејќи мандатот на украинскиот претседател Володимир Зеленски истече, како што рече, „тоа кажува се“.
Тој, исто така, рече дека токму поради тоа, иницијативите презентирани од Зеленски и поддржани од американскиот претседател Џозеф Бајден, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц „губат секаква смисла“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…
(Видео) Украина го нападна Московскиот регион со…
600 украински дронови го нападнаа Московскиот регион…