Албански медиуми објавија: Високи македонски функционери и припадници на МВР вмешани во шверц на наркотици?!

t

Високи македонски функционери и припадници од МВР вмешани во шверц со наркотоци, објавува албанската телевизија „ОРА ЊУЗ“.

Како што „Ора Њуз“ вечерва објави станува збор за скандал во кој наводно се вмешани високи претставници на власта во Македонија.

Имено, како што објавуваат од редакцијата на „Ора ТВ“, лице, познато за редакцијата, неколку снимени разговори од високи функционери на високи позиции во Македонија. Според истото кое ги поседува аудиоснимките поврзани со шверц на наркотици, првично кумуницирал со Трајче Заев, притоа информирајќи го за ситуацијта.

Од друга страна откако Заев ја слушнал снимката му одговорил со кодирана порака на човекот кој што ги поседува аудиоснимките, објавува „Ора Њуз“.

Според информациите кои ги поседува телевизијата, во аудиоснимките во шверцот со наркотици вмешани се високи функционери од коалицијата СДСМ-ДУИ, а истовремено и познати имиња од МВР.

Како што информираат од истата ТВ, наводно постојат прислушкувани разговори, кои докажувале дека високи функционери дирекно интервенирале за да ја спречат операцијата превземена од странските агенции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше…

Со цел да не се шират шпекулации…

Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…

Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…

Полицајци полово вознемирувале и краделе од мигрантка…

Министерството за внатрешни работи информира дека полицајци…

Скопјанец снимен како од камион истура градежен…

50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…