Прострелна рана во ногата имал скопјанецот кој утрово беше најден мртов покрај „мерцедесот“ кој го возел: МВР со детали за случајот кај Смилковци
Прострелна повреда во пределот на ногата била забележана кај 38-годишниот маж кој утрово беше пронајден мртов на скопската обиколница „Мајка Тереза“, во близина на селото Смилковци. Станува збор за Един Ш. од скопското село Љубин, а во непосредна близина на неговото тело бил пронајден и автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кој претходно го управувал.
Според информациите, причините за смртта се истражуваат, а телото е предадено на обдукција за утврдување на причините и околностите под кои починал.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека случајот бил пријавен утрово, на 21 ноември, во 06:15 часот, по што полициски службеници веднаш биле испратени на местото на настанот.
„На 21.11.2026 во 06:15 чaсот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза“ во близина на с. Смилковци, скопско пронајдено е лице без знаци на живот. Веднаш по пријавата полициски службеници од СВР Скопје се упатени на лице место, при што е утврдено дека лицето е Ш.Е.(38) од с. Љубин, скопско. Во близина на телото е пронајдено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно го управувал“, информираат од МВР.
На местото пристигнала и екипа на Итната медицинска помош, која констатирала смрт. При прегледот била забележана прострелна повреда во пределот на ногата.
„Од Итна медицинска помош констатирана е смрт, при што е забележана прострелна повреда во пределот на ногата. Извршен е увид од увидна екипа при СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на кривично правниот настан“, соопштија од Министерството.
Засега не е утврдено како настанала прострелната повреда, дали таа е непосредната причина за смртта, ниту под кои околности 38-годишникот се нашол на обиколницата.
Обдукцијата и понатамошната истрага треба да дадат одговор на овие прашања, додека полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Мртов скопјанец пронајден утрово кај Смилковци, телото било во близина на неговиот автомобил – полицијата истражува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прострелна рана во ногата имал скопјанецот кој…
Прострелна повреда во пределот на ногата била…
Пронајдено тело на 38-годишен маж кај Смилковци…
Во близина на село Смилковци, скопско, пронајдено…
МВР со важен апел до родителите: Препознајте…
Министерството за внатрешни работи упатува апел до…
Голема акција на МВР во Макстил!
Екипи на МВР по наредба за Основното…
МВР повтрди: Лишен е од слобода вработен…
Полициски службеници од Одделот за сузбивање на…