„Ало, сестра ти скрши нога, итно требаат пари“: Баба од Штип му дала 700.000 денари на лажен доктор
Старата и добро позната шема со „лажен лекар“ и наводна итна операција на близок роднина, вчера повторно профункционира, овој пат во Штип, каде жртвата претрпе огромна финансиска штета.
На 7 јануари, точно на Божиќ, 77-годишна штипјанка во полиција пријавила дека била измамена за сума од 700.000 денари. Драмата започнала со телефонски повик од непознато лице кое се претставило како лекар. Тој со вознемирен глас ѝ соопштил дека нејзината сестра итно е примена во болница со тешка скршеница на ногата и дека е неопходна операција со вградување на скапи шипки.
Водена од страв за животот на сестрата, жената поверувала во приказната. Според пријавата, таа во неколку наврати ги носела парите на договорено место и му ги предавала на измамникот. Измамата била откриена дури подоцна, кога во домот на старицата дошла нејзината внука. Тие ѝ се јавиле на „постраданата“ сестра и сфатиле дека таа е жива и здрава и дека немало никаква несреќа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За еден месец, македонската полиција запленила 97…
Засилените полициски контроли на велосипедисти, мопеди и…
Кривична пријава за поранешен градоначалник на Дебрца
СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60)…
Тошковски: обезбедени се пет лица за инцидентот…
Сите учесници во инцидентот во скопската населба…
Над 1.600 сообраќајни прекршоци за три дена,…
Полицијата во периодот од 24 до 26…
МВР: Констатирани 140 прекршоци и осум кривични…
Секторот за сообраќајни работи при Министерството за…