МВР: Констатирани 140 прекршоци и осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли

t

Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи при вчерашната акциска контрола на територијата на целата држава констатирал 140 прекршоци и осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли. Акцијата е спроведена во периодот од 17:00 до 22:00 часот.

Како што информираат од МВР, од сите 140 констатирани прекршоци, 102 се однесуваат на управување без задолжително носење заштитен шлем – кацига. Констатирани се и двајца возачи кои управувале под дејство на алкохол.

Од МВР посочуваат дека од вкупниот број прекршоци, 33 се на територијата на СВР Струмица, 17 во надлежност на СВР Тетово и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, 15 во СВР Куманово, по 13 во СВР Битола и СВР Охрид, 12 во СВР Велес, 11 во СВР Скопје и девет во СВР Штип.

Соопштуваат дека за констатираните прекршоци преземени се соодветни мерки и санкции согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, додека за осум возачи се поднесени кривични пријави согласно член 297-а од Кривичниот законик.

Дополнително, при контролата биле констатирани и 156 прекршоци од друг вид.

Министерството за внатрешни работи најавува дека ќе продолжува со засилените сообраќајни контроли со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Апелираат до возачите на мотоцикли, мопеди и другите видови возила да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, задолжително да користат заштитна опрема и да не управуваат под дејство на алкохол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР: Констатирани 140 прекршоци и осум кривични…

Секторот за сообраќајни работи при Министерството за…

Тепачки и закани го одбележале вчерашниот ден…

Два одделни инцидента се случиле за само…

Уапсен 82 годишник, ја тепал сопругата подолг…

На 20.08.2026 во 15:05 часот во Велес,…

Тепачка во угостителски објект во Тетово –…

МВР информира дека рано утринава околу 02:00…

Странските државјани можат онлајн да ги плаќаат…

Странските државјани кои со возила со странски…