Американски “Атлантик”: НАТО може да се распадне до 2025 година

НАТО, кој ги обедини САД, Канада и поголемиот дел од Европа, може да се распадне до 2025 година, пишува американски “Атлантик”.
Како можна причина за ова, авторот наведува длабока разлика помеѓу ставовите на популистичкото крило на Републиканската партија предводена од Доналд Трамп и загриженоста за егзистенцијалната безбедност на поголемиот дел од Европа. Непосредниот катализатор за распадот на Алијансата може да биде конфликтот во Украина, наведува Атлантик.

Затоа, Европејците треба да се подготват за независна политика доколку Доналд Трамп дојде на власт во ноември 2024 година. Доколку Трамп или некој друг републиканец победи на изборите, Европа би можела да се соочи со нова американска администрација која ќе ја прекине секаква поддршка за Украина.
Ако доминантната фракција на една од најголемите американски партии не е подготвена да и помогне на Украина во борбата против Русија, тогаш тоа ги прави САД помалку сигурен сојузник за Европа, се заклучува во текстот.
Претходно, Wall Street Journal напиша дека победата на Трамп или други републикански кандидати на претседателските избори во САД во 2024 година може да доведе до намалување на поддршката за Украина, додека самите европски земји нема да можат да му обезбедат на Киев истото ниво на помош како Вашингтон. Ситуацијата предизвикува загриженост кај европските лидери кои бараат начини да ги консолидираат обврските на сојузниците за обезбедување воена помош за Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЛДП го поддржува предлогот од 5% од…
„Во пресрет на претстојниот самит на НАТО,…
Трамп ќе присуствува на самитот на НАТО
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на…
Блумберг: НАТО бара од европските членки да…
НАТО бара од европските членки петкратно да…
НАТО бара од Германија да обезбеди околу…
НАТО ќе побара од Германија да обезбеди…
Османи: Време е НАТО да ги отвори…
Косовската претседателка Вјоса Османи, во своето обраќање…