НАТО бара од Германија да обезбеди околу 40.000 војници за одбрана на Алијансата
НАТО ќе побара од Германија да обезбеди уште седум бригади, односно околу 40.000 војници, за одбрана на Алијансата, во рамките на новите цели за вооружување и бројот на војници за кои министрите за одбрана на земјите-членки ќе се договорат следната недела, објави Ројтерс, повикувајќи се на извори.
Неименуван висок воен функционер изјави дека целта за земјите-членки на НАТО во иднина ќе биде да обезбедат помеѓу 120 и 130 бригади.
– Ова би значело зголемување од околу 50 проценти во споредба со моменталната цел од околу 80 бригади по земја-членка – рече изворот.
Портпаролот на Министерството за одбрана во Берлин изјави дека не може да потврди какви одлуки ќе донесат министрите за одбрана на НАТО следната недела, како и лидерите на НАТО на самитот во Холандија на крајот на јуни.
„Покрај тоа, целите за планирање и капацитет на силите на НАТО се доверливи од безбедносни причини“, додаде портпаролот.
Во 2021 година, Германија се согласи да обезбеди десет бригади – единици кои обично бројат околу 5.000 војници – за НАТО до 2030 година, а во моментов има осум бригади и гради деветта во Литванија која ќе биде готова од 2027 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија подготвува нуклеарен сателит што може да…
Русија го завршила склопувањето на сателит опремен…
НАТО денеска ќе расправа за нарушувањето на…
Претставници на 32-те земји членки на НАТО…
Над 27.000 домаќинства иселени присилно во Германија…
Во Германија минатата година биле спроведени 27.446…
Милиони домаќинства во Германија ќе плаќаат поскапо…
Милиони домаќинства во Германија ќе плаќаат поскапа…
Руте: НАТО ќе брани „секој сантиметар од…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој…