Објавено на:

Американски конгресмен: Америка може да испрати војска во Украина

t

Во случај на пад на Украина, Соединетите Американски Држави можеби ќе треба да интервенираат во конфликтот со распоредување свои војници, изјави лидерот на демократското малцинство во Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Хаким Џефрис, во интервју за „CBS News“.
„Не можеме да дозволиме Украина да падне, бидејќи ако падне, постои голема веројатност дека Америка ќе мора да се вклучи во конфликтот – не само со нашите пари, туку и со нашите војници“, рече тој.


Според него, проруската фракција која не сака да ја поддржи Украина и „поради некоја причина верува дека Русија не е непријател на САД“ се засилува во Републиканската партија. Главен поддржувач на оваа политика во Претставничкиот дом е републиканката Марџори Тејлор Грин, додаде тој.
Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна во интервју за „Економист“ изјави дека не ја исклучува можноста за испраќање војници во Украина, на барање на Киев, доколку Русија ја пробие линијата на фронтот. Според него, „многу земји од ЕУ“ се согласиле со мислењето на Париз за ова прашање.


Кремљ подоцна забележа дека обрнале внимание на зборовите на Макрон. Тие исто така нагласија дека голем број земји кои учествуваат на настанот во Париз за Украина „прилично трезвено ги проценуваат потенцијалните опасности од таквите чекори и потенцијалните опасности од директно вклучување во конфликтот“, како и дека „тоа апсолутно не е во интерес на тие земји и тие мора да бидат свесни за тоа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонец на докторски студии по физика во…

Кавадарчанецот Илија Николов, кој е на докторски…

Полска бара земјите од ЕУ да ја…

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски…

Зеленски: Подготвуваме уште четири нови безбедносни договори

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска објави дека…

Директорката на американската тајна служба: Неуспехот при…

Неуспехот да го обезбеди поранешниот американски претседател…

Кремљ го поздрави ставот на Зеленски за…

Русија денеска позитивно одговори на коментарите на…