УЖАС во САД: Убиени пратеничка на демократите и нејзиниот сопруг, во друго пукање ранет сенатор
Минесота е во шок откако државната претставничка Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг, Марк, беа убиени рано наутро во саботата, во она што гувернерот Тим Волц го нарече „политички мотивиран атентат“.
Државниот сенатор Џон Хофман и неговата сопруга исто така биле цел на напаѓачите и биле погодени неколку пати. И двајцата преживеале и се оперирани, потврди гувернерот Волц, објави „CNN“.
„Хофманови моментално се надвор од операционата сала и се под лекарска нега. Претпазливо сме оптимисти дека ќе го преживеат овој обид за атентат“, рече гувернерот на прес-конференцијата.
Нападот ја шокираше целата држава, особено затоа што двата пара се членови на Демократската, земјоделско-лабористичката партија на Минесота, која е поврзана со националната Демократска партија. Напаѓачот наводно користел полициска униформа и лажна значка за да влезе во нивните домови.
Напаѓачот е сè уште во бегство, а властите потврдија дека е во тек обемна потера. На вонредна прес-конференција, началникот на полицијата во Бруклин Парк, Марк Брули, изјави: „Ова е голема потера. Приведовме неколку лица и ги испрашавме, но во моментов никој не е уапсен.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хакери ја пробиле главната клауд-платформа на американското…
Хакери ја пробиле главната клауд-платформа на Военото…
Американски милијардер ја презема меѓународната империја на…
Конзорциум предводен од американскиот милијардер Тод Боли…
САД одобрија можна продажба на опрема за…
Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…
Маск го удвои ветувањето: Секое дете во…
Илон Маск, најбогатиот човек во светот, објави…
САД подготвуваат нови царини за најмалку 14…
САД се подготвуваат да објават нови царини…