Ангелов: Ја изгубивме контролата над пожарот во Чичино

t

Центарот за управување со кризи известува дека до 13:00 часот се регистрирани 11 пожари на отворен простор. Од нив, шест сè уште се активни, еден е под контрола, додека четири се изгаснати. Активни се пожарите во Студеничани, Зелениково, Гостивар, Чашка, Пробиштип, Градско и Кичево. Во Кичево, пожарот во Тајмиште е под контрола, додека четири пожари се изгаснати во Сарај, Гостивар, Куманово и Берово. ЦУК продолжува да ја следи ситуацијата на терен. Од друга страна, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување извести за пожарот во Чичино, моментално е надвор од контрола.

„Пожарот што избувна на територијата меѓу селата Горно Чичино и Долно Чичино се прошири. За жал, сега ја изгубивме контролата над него. Се работи на терен со сува трева, кој зафатил голема површина. Пожарот е насочен кон сртот, додека пожарникарите се борат да го задржат под контрола. Сега се обидуваат да ги заштитат овоштарниците и околните објекти, но тука ќе има долга и тешка битка, можеби неколкудневна. Веднаш беше побарана помош – државни трактори, хеликоптер од МВР, но и тоа не е доволно. Сега се испратени и четири специјализирани противпожарни возила, Пинцгауер“, изјави Ангелов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Огнови целосно го проголтаа патот Штип-Кочани

Голем пожар избувна вечерва долж екпресниот пат…

ЦУК: Активни се четири пожари

Активни се четири од 14 регистрирани пожари…

Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…

Чистење двор или спој на разлабавени електрични…

Опожарени две возила во скопски Аеродром

Во раните утрински часови во Скопје избувнал…

(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…