„Анима Мунди“ бара хумано згрижување на кравите во Крива Паланка: Институционалната некадарност не смее да биде смртна пресуда

t

Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ изрази загриженост поради барањата за прогласување кризна состојба во Крива Паланка, поврзани со проблемот со стотици, а можеби и над илјада грла добиток. Активистите бараат од Општината и Владата да гарантираат дека ситуацијата нема да се решава со отстрел или масовно убивање на животните.

Од здружението посочуваат дека случајот добил големо внимание во европските и светските медиуми, каде што се зборува за институционален неуспех, материјални штети, загрозена безбедност и насилство врз животните.

„Она за што сè уште недостасуваат јасни и конкретни информации е најважното: како овие животни ќе бидат заштитени?“, прашуваат од „Анима Мунди“.

Активистите реагираат и на изјавите на градоначалникот, кој побарал рок од десет дена за решавање на проблемот, оценувајќи дека за толку кратко време не може да се обезбеди соодветно и хумано решение.

„Кризната состојба е механизам за мобилизирање ресурси и институционална координација, а не дозвола за суспендирање на законите за заштита на животните“, нагласуваат од здружението.

Според нив, станува збор за проблем кој се таложи со години, а последиците од, како што велат, долгогодишната институционална некадарност не смеат да ги платат животните со своите животи.

„Не може државата да се срами пред Европа затоа што со години не успеала да реши еден проблем, а потоа да се обиде да го реши со убивање на кравите, кои во оваа приказна се најневини жртви“, се наведува во реакцијата.

Од „Анима Мунди“ бараат хумано заловување и згрижување на животните, транспарентност, институционална координација и долгорочно одржливо решение кое ќе ја гарантира безбедноста на граѓаните и заштитата на животните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Анима Мунди“ бара хумано згрижување на кравите…

Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“…

Хорор во Србија: Десет деца повредени на…

Десет деца на возраст од осум и…

Конечно ќе се заврши зградата на ФИНКИ:…

Наскоро ќе биде објавен тендер за изведувач…

Теута Арифи по рочиштето: „Невина сум, не…

Пред тетовскиот суд денеска започна судскиот процес…

Ангелов го упатил граѓанинот да пријави барање…

Стојанче Ангелов го упатил граѓанинот да пријави…