Конечно ќе се заврши зградата на ФИНКИ: Јаневска очекува тендерот за изведувач да се распише наскоро
Наскоро ќе биде објавен тендер за изведувач на доградбата на двете згради кај Ректоратот на УКИМ што ќе ги користи Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).
Во моментов трае периодот за сугестии за архитектонското решение, кое се разликува од првичното од пред десетина години.
-Тоа мислам ќе се заврши многу скоро, во денови го броиме времето, потоа ќе се распише тендер за изведувач за доградбата. И тоа ќе трае најмалку шеесетина дена, или деведесет дена, и потоа ќе пристапиме кон реконструкција на овие згради – изјави министерката за образование Весна Јаневска.
Како што рече, целата процедура траела малку подолго поради потребата да се утврди состојбата на недоградените објекти и во колкава мера тие се оштетени.
– Овие згради 10 години стојат така непипнати, на време и невреме. Тоа го направивме со УКИМ, предводени од Градежниот факултет и претставници на многу факултети – Машинскиот, ФЕИТ, Архитектонскиот, исто така беше вклучен и ИЗИИС. Тоа се направи, потоа побаравме идејно решение, добивме идејно решение, па распишавме повторно тендер за архитектонско решение и тоа е сега при крај. И тоа малку потраа затоа што факултетите даваат сугестии за архитекстонскто решение, кое не е исто како тоа што било претходно – соопшти Јаневска.
Минатата година беше одлучено двете згради во кампусот на УКИМ да му припаднат на ФИНКИ, а за Факултетот за физичка култура (ФФК), за кој со планот од 2013 беше наменета еден од нив, ќе се гради објект на сегашната локација на факултетот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Конечно ќе се заврши зградата на ФИНКИ:…
Наскоро ќе биде објавен тендер за изведувач…
Теута Арифи по рочиштето: „Невина сум, не…
Пред тетовскиот суд денеска започна судскиот процес…
Ангелов го упатил граѓанинот да пријави барање…
Стојанче Ангелов го упатил граѓанинот да пријави…
Уапсен 18-годишник, осомничен за лажна дојава за…
18-годишник од Тетовско е осомничен за лажна…
Руската разузнавачка служба тврди дека Брисел сака…
Руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) објави…