Апасиев: НАТО води кон тоталитаризам, не кон демократија!

t

НАТО води кон тоталитаризам наместо кон демократија, вели лидерот на Левица, Димитар Апасиев во најновиот статус на Фејсбук.

Како поткрепа на неговото тврдење Апасиев ги зема статистиките за број на ослободителни пресуди во земјава кој, како што вели, е еднаков на статистичка грешка.

Го пренесуваме неговиот став во целост:

– По влезот на земјава во НАТО, процентот на ослободителни пресуди падна на историски најниско ниво од 1,7%!

Тоа значи дека, доколку Обвинителството ве обвини за нешто – имате 1,7% шанса да се одбраните (што е на ниво на статистичка грешка).

Мислам дека кај Талибанците во Авганистан процентот на ослободителни пресуди е поголем од кај нас.

Ова е само емпириски доказ дека НАТО води кон тоталитаризам и автократија, а не кон демократија.

#Натофундаментализам, напиша Апасиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петровска: Најголема придобивка од НАТО е што…

Најголемата придобивка од членството на  Македонија во…

Вучиќ: Со кое право НАТО не’ бомбардираше…

Србија го поддржува територијалниот интегритет на сите…

НАТО е “подготвено да дејствува” во случај…

Заменик-командантот на мировната мисија на НАТО, КФОР…

(Видео) Жители на романско село го блокираат…

Жителите на село во Романија го блокираат…

Литванија ќе бара да се распореди НАТО…

Литванија ќе бара распоредување на бригада на…