Арбен Фетаи именуван за специјален пратеник за ЕУ во Брисел

t

Владата на Република Македонија го именува Арбен Фетаи за специјален пратеник за Европската Унија со седиште во Брисел, соопшти самиот Фетаи преку објава на социјалните мрежи.

Тој истакна дека именувањето претставува голема чест, но и уште поголема одговорност. Како специјален пратеник, неговата задача ќе биде да работи на унапредување на процесот на европската интеграција на земјата преку зајакнување на политичката поддршка во институциите и земјите-членки на Европската Унија, придонесување за надминување на политичките и дипломатските предизвици, како и за поголема застапеност на гласот на Македонија во Брисел и во европските престолнини.

Фетаи посочи дека по долгогодишната кариера во Брисел и искуството стекнато во Владата на Северна Македонија, оваа функција ја презема со цврсто уверување дека иднината на државата е во Европската Унија.

На крајот од својата објава, тој му се заблагодари на премиерот и на Владата за укажаната доверба, нагласувајќи дека „патот кон Брисел продолжува – со решителност, партнерство и целосна верба во европската иднина на Македонија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арбен Фетаи именуван за специјален пратеник за…

Владата на Република Македонија го именува Арбен…

Пронајдени човечки останки во Косово кој може…

Нова трага за 23 исчезнати интелектуалци се…

Владата на Србија го преживеа гласањето за…

Собранието на Србија ја заврши вонредната седница…

Во пожар на куќа кај Скадар животот…

Трагичен настан се случи попладнево во селото…

БМВ крати 8.000 работни места, Ауди може…

BMW крати 8.000 работни места, додека околу…